Водата во Скопје е чиста за пиење и нема бактерија ешерихија коли, изјави на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по шпекулациите дека водата е загадена и дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје врие од заболени.
„Ова е организиран напад, за ширење хистерија и паника,“ рече Ѓорѓиевски, кој вели дека водата од скопски „Водовод“ ја пие и тој неговото дете.
Во однос на снимките кои се појавија од депонијата кај Рашче, која би можела да биде закана по безбедноста на изворот, Ѓоргиевски истакна дека се испратени екипи за да ја исчистат.
Агенцијата за храна и ветеринарство исто така информираа дека водата е безбедна за пиење и до овој момент немаат добиено известување од скопското јавно комунално претпријатие за незадоволителен резултат од лабораториското тестирање, што е нивна законска обврска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителство отвора предмет за депонијата во близина на Рашче
Фото: Unsplash














