Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ вчера го извлекла телото на 71-годишниот М.М од Скопје, кај туристичката населба Претор.
-Според пријавата до СВР Битола, на 8 август околу 12:20 часот, М.М. скокнал од чамец во езерото за да ги земе веслата кои паднале во водата, по што не излегол на површината. Потрагата по него траела неколку дена, а во неа била вклучена и специјализираната нуркачка екипа од САЕ „Тигар“.
Увид на местото извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничката болница во Битола, каде што ќе биде извршена обдукција, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезна рибар во Преспанско Езеро, скокнал по веслата и не излегол од вода
Фото: Unsplash














