Колку лица во Македонија досега починале од западно-нилска треска

Маж на возраст од 83 години од Скопје, е првото лице кое годинава почина од западно-нилска треска.

Тој имал и други заболувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж почина од западно-нилска треска

Годинава досега вкупниот број на заболени со западно-нилска треска е 26, од кои само едно лице е од Велес, а другите се од скопско.

Само едно лице од нив патувало во Грција, а сите други случаи се автохтони.

Колку лица починале

Според податоци на Институтот за јавно здравје западно-нилската треска за прв пат во Македонија е регистрирана во 2011 година.

Од 2011 година до 2025 година се регистрирани вкупно 54 лабораториски потврдени случаи.

За истиот период, регистрирани се пет смртни случаи асоцирани со оваа болест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прогласена епидемија на западно-нилска треска во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел, Илинден, Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести