Со гаранција од 508 илјади евра поранешниот претседател на ФФМ, Ѓорѓиоски излезе од притвор

Со гаранција во недвижен имот од 508 илјади евра поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, излезе од притвор.

Основниот кривичен суд Скопје, ја донел одлуката по позитивното мислење на Основното јавно обвинителство, и му определил мерки на претпазливост, одземање на пасош и да се јавува во суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дал гаранција од над 1,1 милион евра: Муамед Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ излезе од притвор

Ѓорѓиоски ја извршуваше функцијата претседател на ФФМ од 2012 до 2018 година, а во истиот случај е осомничен и неговиот наследник Муамед Сејдини, кој исто така неодамна излезе од притвор.

Притворот е укинат и за Томислав Младеновски, кој дал гаранција во имот од 206.000 евра и за Ѓуро Чубриновски, кој дал гаранција од 1,6 милион евра.

И тие добија мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Илчо Ѓорѓиоски, поранешниот претседател на ФФМ, кој е уапсен во случајот со проневра на околу 3 милиони евра

Кој е Муамед Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ, кој заврши во притвор

Фото: ФФМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести