Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, е меѓу 12. уапсени лица во случајот со проневера на околу 3 милиони евра во Федерацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во случајот се осомничени вкупно 16 лица, меѓу кои е уште еден поранешен претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој е во притвор за друг случај.
Пет осомничени лица во случајот пак се во бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Илчо Ѓорѓиоски
Претседател на ФФМ стана во 2012 година и на позицијата остана до 2018 година, кога поднесе оставка.
Токму од периодот кога поднел оставка е и кривичната пријава, за која детали споделија од Управата за финансиска полиција.
Тој беше четвртиот претседател на ФФМ.
Бил и селектор на македонската репрезентација до 21 година.
Работел и како тренер во македонските фудбалски клубови – Струга Трим Лум, Брегалница, Вардар и Македонија Ѓорче Петров, како и во грчкиот Калмата во 2023 година.
Во времето кога стана претседател на ФФМ, Ѓорѓиоски, беше критикуван од медиумите дека наводно сам си одредил месечна плата од 4.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Муамед Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ, кој заврши во притвор
Фото: ФФМ













