Во рамки на предистражна постапка за работењето на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во тек е кординирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Управата за финансиска полиција (УФП) и Министерството за внатрешни работи (МВР).
Станува збор за повеќегодишна предистражна постапка, а истата ја потврдија од ОЈО ГОКК.
Повеќе официјални информации од таму најавуваат во текот на денот.
Повеќе медиуми јавија дека е уапсен и поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Неофицијално тој бил уапсен по поднесена кривична пријава од УФП пред неколку години, а со истата биле опфатени 11 физички и 14 правни лица за проневера на 2,4 милиони евра во ФФМ.
Фото: ФФМ













