Муамед Сејдини, поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е во фокусот на јавноста откако вчера беше уапсен, по што доби 30 дневен притвор.
Тој е осомничен за “Проневера во служба“, а Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отвори истрага за него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според ОЈО Скопје тој во периодот од ноември до декември 2024 година, како претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за фирма од Скопје.
Парите ФФМ ги добила од Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) за изградба на трибина на стадионот “Билјанини извори” во Охрид.
Кој е Сејдини
Роден е во кичевското село Зајас и е поранешен спортски работник.
Стана претседател на ФФМ во март 2019 година, а беше единствениот кандидат за таа функција.
Претходно две години беше в.д. претседател на ФФМ, откако во 2017 година Илчо Ѓорѓиоски поднесе оставка.
На позицијата остана до декември 2024 година.
Тој инаку е поранешен фудбалер и играше во повеќе македонски и европски клубови.
Потоа работеше како тренер и за европски клубови и имаше ФИФА Про лиценца.
Од актуелното раководство на ФФМ пред неколку месеци беше санкциониран со двегодишна забрана за вршење функција поради измама и злоупотреба на овластувања за случајот кој сега го отвори ОЈО Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација, Муамед Сејдини
Постапка за финансиска злоупотреба за поранешниот прв човек на Фудбалската федерација на Македонија
Фото: Фејсбук/Сејдини













