Бројот на заболени со западно-нилска треска во Македонија се искачи на 34, откако се регистрирани три нови случаи, велат од од Центарот за јавно здравје Скопје за МРТ.
За првпат има заболен од Арачиново, а најмногу случаи има во скопските општини Аеродром и Кисела Вода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмногу заболени со западно-нилска треска има во Драчево, повеќето се мажи
Речиси половината од заболените се од скопската населба Драчево.
На ЈЗУ Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се лекуваат 24 лица, од кои седум се во потешка состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уште еден маж почина од западно-нилска треска
Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Фото: МЗ














