Трет смртен случај, шестмина се во критична состојба: 35 потврдени случаи на западно-нилска треска

Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западно-нилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во скопје, информираше денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски.

До сега има три смртни случаи на овој вирус, а 15 се излекувани и се отпуштени од болница.

„Здравствените капацитети дијагностички се подигнати максимално. Ако минатите години се правеле по 40 анализи годишно, ние сме веќе на ритам од 4 до 8 анализи дневно. Да потсетам дека треба два независни теста за конечна потврда на дијагнозата.

Веќе се информирани сите инфективни одделенија, матичните лекари, семејните лекари, Клиниката за неврологија, а и невролозите генерално, така што алертот за препознавање и дијагностицирање е тука и капацитетот за дијагностицирање е тука,“ рече Клековски.

Тој истакна и дека во однос на мапирањето на заболените, треба да се прави разлика меѓу местото на живеење на лицата и местото каде што се заболеле од вирусот. 

Тој истакна дека во моментот најактивно подрачје во Европа со западно-нилска треска е Атина и посочи дека во Грција досега има 81 случај со невроинвазивна форма и девет починати, а веќе има случаи и во пограничните зони со Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните во подрачјата со западнонилска треска, ќе добијат СМС-пораки со препораки и конкретни мерки за заштита

Колку лица во Македонија досега починале од западно-нилска треска

Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска

Какви симптоми имал починатиот маж од западно-нилска треска: Детали од ИЈЗ

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести