Горан Димовски нов генерален директор на агенцијата Меккен Скопје

Агенцијата Меккен Скопје доби нов генерален директор.

Од крајот на месецов истата, која е членка на Групацијата AMA, ќе ја води Горан Димовски.

Димовски ја започнал својата кариера во Меккен Скопје во 2010 година.

Извршувал различни функции, вклучувајќи и директор за продукција и директор за операции.

Во 2018 година, по основањето на продукциската куќа AdVenture, која исто така е членка на Групацијата AMA, тој го презеде нејзиното управување.

Меккен Скопје се вбројува меѓу најуспешните и најнаградувани агенции на македонскиот пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести