Актуелниот прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, најави дека нема да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат на позицијата.
Неговиот мандат завршува на 8. ноември, а процедурата за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК е веќе започната.
Изборот на нов шеф, обвинителите од целата земја, треба да го направат во октомври.
Абази пред да дојде на оваа функција од 2018 година раководеше со Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Гостивар.
По завршувањето на актуелната функција најави дека ќе се врати во ВЈО Гостивар.
Фото: Телма














