Странците кои поминуваат низ Македонија сообраќајните казни ќе можат да ги плаќаат електронски

Откако стартуваше казнувањето со електронскиот систем “Безбеден град“ и за странците кои поминуваат низ Македонија, што предизвика гужви и застој на граничниот премин со Србија, „Табановце„, од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) имформираа дека е ставена во функција веб апликација со мобилен интерфејс – safecountry.mvr.gov.mk.

Со неа тие ќе можат да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози и да ги платат казните по електронски пат.

При логирањето на апликацијата, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата кои тој ги користи во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема потреба од драма, безбедноста во сообраќајот е важна како за нас, така и за странците

(Фото) Драматични наслови во српските медиуми откако стартуваше “Безбеден град“ и за странците

Гужва на Табановце за плаќање на казни: „Безбеден град“ почна да ги „лови“ и странците кои прават сообраќајни прекршоци

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести