Нема потреба од драма, безбедноста во сообраќајот е важна како за нас, така и за странците

Македонските и српските медиуми деновиве за пусти кликови се натпреваруваат кој ќе стави подраматичен наслов откако Македонија почна да им наплаќа казни за сообраќајни прекршоци преку електронскиот систем “Безбеден град“ и на странците кои поминуваат низ земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Драматични наслови во српските медиуми откако стартуваше “Безбеден град“ и за странците

Деца плачеле, Срби нема да возеле низ Македонија, ќе оделе преку Бугарија, казните биле ригорозни… наслови на кои може да им позавидат и најпознатите драматурзи.

Ама медиумите заборавија да објаснат зошто е важен овој систем. Освен што треба да информираат, тие треба и да образуваат. Ама тоа не носи клик. Безбедноста колку што е важна за македонските граѓани, кои веќе ги чуствуваат придобивките од „Безбеден град“ е исто толку важна за сите учесници во сообраќајот, вклучувајќи ги и странците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странците кои поминуваат низ Македонија сообраќајните казни ќе можат да ги плаќаат електронски

Секако мора да се каже дека стартот предизвика застој на граничниот премин “Табановце“ и непотребни нервози на топлото време и дека Министерството за внатрешни работи (МВР) требаше да ги информира странците неколку денови пред тоа да почне да се применува и да ја воведе апликацијата за нив пред стартот.

И кога почна да се применува системот во Македонија на почетокот имаше недоразбирања, кои правеа гужви пред МВР, но за се треба време и сега се функционира како што треба.

На секоја новина за да стане секојдневие и навика и е потребно време. Видете што се случува со новото правило за влез и излез во Шенген зоната. Воведено е од април, а уште не функционира како што треба, па се создаваат гужви на границите за влез и излез во земјите од Зоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гужва на Табановце за плаќање на казни: „Безбеден град“ почна да ги „лови“ и странците кои прават сообраќајни прекршоци

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести