Живко Мукаетов и членови на менаџментот купија нови акции на Алкалоид

Членови на менаџментот на Алкалоид АД Скопје купија нови акции на компанијата, што покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи.

Како што информираа од таму преку Македонската берза, Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор (УО) и генерален директор купил нови 277 акции на Алкалоид. Сега поседува 131.777 обични акции или 9,21% од вкупниот број на акции на компанијата.

Виктор Стојчевски, член на УО и директор на финансии купил нови 126 акции и сега поседува 0,73% од вкупниот број.

Ќире Ицев, член на УО и директор на службата за општи работи и логистика купил 100 нови акции и сега поседува 0,70% од вкупниот број.

Ѓорѓи Јованов, член на УО и директор за акционерство и имотни прашања купил 100 нови акции и сега поседува 0,44% од вкупниот број.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акцијата на Алкалоид најтргувана во јули: Со чии акции е остварен најголем промет

Мукаетов и Штериев ќе говорат за успехот на „Алкалоид“ на 25. годишната конференција на Македонска берза

Алкалоид со консолидирани продажби од 168 милиони евра, консолидирана нето-добивка од 14,4 милиони евра и инвестиции од 13,6 милиони евра во периодот јануари – јуни 2026

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести