Акцијата на Алкалоид АД Скопје е најтргуваната акција на Македонската берза во јули.
Со нејзе во овој период е остварен промет од над 123 милиони денари, покажува месечниот билтен на Берзата.
Втора е акцијата на Комерцијална банка АД Скопје, која изминативе години е најтргувана. Со нејзе е остварен промет од 113,7 милиони денари.
Трета е акцијата на УНИ Банка АД Скопје со која е остварен промет од 34,3 милиони денари.

Во Топ 5 најтргувани се и акциите на Стопанска банка АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.














