Целосен авторски проект, инспириран од сликовниците на Наташа Дукоска, продуцирана од наша, македонска продуцентска куќа, анимиран од македонско студио за анимација, сега и тематската музика ја потпишува актуелната Дина Јашари.
Личи на Дуа Липа, музичкиот стил и е на Нора Џонс, но сега стана и автор на филмска музика за „Лефти и Рајти“.
На прашањето што претставува компонирањето на музика за „Лефти и Рајти“, Дина Јашари во последното интервју одговори:
„Ова е преубав предизвик за мене, чувствувам одговорност дека треба да направам музика што треба да допре до помалите генерации. Јас многу добро ја паметам музиката од цртаните со кои сум израсната, дури знам да си ги пуштам песните и ден-денес.“
Тематската музика ќе биде промовирана на почетокот на септември, а премиерата е најавена за крајот на ноември оваа година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Промотивна објава














