Премиерот Христијан Мицкоски рече дека целата оваа состојба со горивата „за жал ќе потрае малку подолго од тоа што се предвидуваше, односно може да потрае и неколку години.“
Прашан дали владата ќе ја намали стапката на ДДВ за горивата, откакао дизелот надмина 100 денари, тој рече дека планирале.
Имаме јасна стратегија, имаме јасен план. Според нашите анализи ова ќе потрае, може да потрае и неколку години оваа состојба што се случува во Заливот, така што внимателно ги повлекуваме чекорите за да не ја нарушиме макроекономската стабилност во државата, а од друга страна да обезбедиме убедливо најевтини горива за граѓаните и за индустријата во Македонија“, рече Мицкоски.
Фото/Влада














