Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека на 20. август компанијата го потпишала договорот за изведување на работи со Јавното претпријатие за државни патишта за проектот – изградба на автопат TEN-T Скопје – граница со Косово.
Истиот се состои од: дел А: изградба на автопат TEN-T Скопје – граница со Косово и дел Б: 5-годишно одржување на автопат TEN-T Скопје – граница со Косово.
Вкупна вредност на договорот изнесува 13.622.686.664 денари со рок на изведба од 1.460 дена од датум на воведување во работа.
Изградбата на автопатот започна вчера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е компанијата „Гранит“ која го гради автопатот Скопје-Блаце
Страшо Милковски купи нови акции на Гранит
Гранит ги објави платите на надворешните членови на менаџментот
Фото: Влада














