48-годишен маж од Прилеп неколку пати ја силувал 14-годишната поќерка, заврши во притвор

Маж на возраст од 48 години од Прилеп во неколку наврати месецов ја силувал 14-годишната поќерка.

Станува збор за лицето З.С., и за него Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Основниот суд Прилеп пак му одреди притвор од 30 дена на барање на Основното јавно обвинителство Прилеп.

Истрагата е во тек.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести