48-годишен работник загина во охридско Елшани

Маж на возраст од 48 години загинал вчера откако паднал од бандера, извршувајќи работни задачи во охридското село Елшани.

Станува збор за Н.К. од охридското село Лескоец, кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид работел за телекомуникациска компанија.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести