На Јован, кој спаси 21. лице во пожарот во Кочани, во Шведска му беше врачена светската награда „Младинска храброст 2026“

На Јован Костадинов (20) од Виница, еден од хероите во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, кој спаси 21. лице, на 27. август во Стокхолм, Шведска, му беше врачена престижната светска награда „Младинска храброст 2026“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јован, кој спаси 21 лице во „Пулс“ меѓу добитниците на светската награда „Младинска храброст 2026“

Признание го доделува шведската Академија „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и шведските амбасади, а се однесува за млади од 13 до 20 години кои преку морални убедувања, иницијатива и конкретна акција поттикнуваат позитивни промени во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Личност на годината на еМагазин: Хероите во трагедијата во Кочани

Фото: Шведска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести