Граѓаните на Исланд на рефрендум и кажаа “НЕ“ на Европската унија (ЕУ).
На истиот 52,8% од гласачите го отфрлија предлогот на владата за повторно отворање на преговорите за членство на земјата во ЕУ.
На референдумот гласаа 82,5% од граѓаните со право на глас, што е највисока излезност на сите избори во земјата од 2009 година.
Исланд ја започна својата апликација за членство во ЕУ во 2009 година, а истата беше ставена во мирување во 2013 година.
Во фокусот на кампањата за и против продолжување на преговорите беа каматните стапки, рибарството и трошоците за живот.
Фото: Игор Бансколиев














