Брзата реакција и присебноста на возач на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, на линијата број 25, спречила пожар на Водно, откако автобусот, најверојатно поради дефект на електричната инсталација, се запалил.
Тој го однел автобусот кој веќе бил запален далеку од парк-шумата.
Автобусот бил празен, а во неговото гаснење како што информираа од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), учествувале две возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита.
Фото: Борјан Михајловски/ДЗС














