Македонските транспорти превозници денеска пред седиштето на Делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Скопје одржаа предупредувачки протест заради проблемот со престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната.
Најавија дека ако не се најде решение за проблемот ќе ги блокираат граничните премини.
Истовремено протестираа и транспортерите во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Протестите се одржуваат пред состанокот на работната група на Европската комисија во Брисел, а проблем за транспортерите е ограничувањето според правилото 90 дена престој во Зоната, за период од 180 дена.
Со проблемот се соочуваат околу 17 илјади македонски професионални возачи, и околу 100 илјади на ниво на Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш/Видео: Макам-транс














