Ќе се затворат ли границите: Остануваат правилата за влез и излез во Шенген за превозниците од Западен Балкан

Од Европската комисија (ЕК) денеска информираа дека остануваат правилата за влез и излез на транспортерите од Западан Балкан во Шенген зоната, односно тие може да престојуваат 90 дена во рок од 180 денови.

Од таму посочуваат дека европската администрација била свесна дека транспортерите се соочувале со проблеми, а потсетуваат и дека оваа правило важело и пред воведувањето на новиот ЕЕС систем за влез и излез во Зоната.

Поради оваа правило проблем имаат околу 17 илјади македонски транспортери и околу 100 илјади на ниво на Западен Балкан.

Тие деновиве протестираа и најавија протести и блокирање на граничните премини ако не добијат позитивен одговор од ЕК.

На протестите учество најавија и автобуските превозници, кои го имаат истиот проблем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Транспортерите одржаа предупредувачки протест пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Скопје

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести