Убаво беше да си на плоштадот “Македонија“ во Скопје синоќа.
За првпат во историјата на една сцена сите заедно ги видовме Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи Букле, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски, заедно со Македонската филхармонија, кои блеснаа со изведби на нивните хитови и најубавите македонски песни.
Како тие да не беа доволни, атмосферата дополнително ја вжешти светскиот тенор Хозе Карерас, кој имаше и дует со Каролина и со Калиопи, а на крај од концертот заедно со истите ја испеа култната „Едно име имаме“.
Во Македонија одамна немало толку убав концерт, и за толку убав повод – 35 години независност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три бесплатни концерти во Скопје од 1 до 4. септември
Фото/видео: Влада














