Хрватски „Пословни дневник“ направи избор на највлијателни бизнис луѓе во регионот од различни сектори.
Во супер-тешка категорија на регионални претприемачи е избран и Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на УО на Алкалоид, за кој „Пословни дневник“ пишува дека е најбогатиот Македонец.
„Неговото богатство белградски „Неделник“ го проценува на 651.330.00 евра и се наоѓа на 38 место.
Својот пат во Алкалоид го започнал на 25 години, во 1999 година, од основните хиерархиски нивоа на компанијата, до различни управувачки позиции, за во 2006 година да биде именуван за генерален директор а потоа и претседател на УО.
Претходно компанијата ја водеше неговиот татко Трајче Мукаетов, кој беше на чело на компанијата од 1985 година.
За Алкалоид, регионот е почетна точка од која што се гради глобалната стратегија. Имаат производствен погон во Белград, хемиска лабораторија во Љубљана и корпоративен правен тим во Загреб.
Осмислија и облици на соработка со конкурентите од Хрватска, Србија и БиХ.Компанијата порасна за околу 4,5 пати во во последните 18 години,“ пишува „Пословни дневник“.
Овој медиум ја цитира и изјавата на Мукаетов дадена за Ал Џезира, во која тој вели:
„Пред се, поради изградба на портфолиото на производи, кои имаат додадена вредност, диференцирани се од конкуренцијата, квалитетни и конкурентни на својот пазар.“
„Пословни дневник“ ги истакнува и резултатите на компанијата низ бројки.
„Алкалоид лани оставри раст од консолидирана продажба од 10 отсто, во вредност од 339,3 милиони евра, консолидирана нето добивка од 29,2 милиони евра, раст на ЕБИТДА од 20 отсто и инвестиции од 18 милиони евра во 2025 година.
Вкупната консолидирана продажба остварена на домашниот пазар зголемена е за 20 отсто,“ пишува „Пословни дневник“.














