Каде има заболени со западно-нилска треска: Детален преглед

Бројот на заболени со западно-нилска треска се искачи на 56 лица, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје.

На осум се зголеми и бројот на починати.

Бројот на заболени со вирусот годинава е поголем од вкупниот број на случаи со западно-нилска треска, регистрирани во последните 15 години, од 2011 до 2025 година, кога имало 54 случаи.

И бројот на починати е поголем од тој регистриран во тој период, кога имало само пет смртни случаи.

Најмногу заболени има во Скопје, а по еден случај има во Куманово, Велес и Долнени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто сите починати од западно-нилска треска се мажи?

Еден од починатите од западно-нилска треска немал други заболувања

Која болест била регистрирана кај починатите од западно-нилска треска

Фото: МЗ/табела: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести