Момче на возраст од 26 години почина синоќа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако во него претходно било пукано во скопски Дуќанџик.
Станува збор за лицето А.М., а како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) нападот се случил во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.
Во него и во уште четири други лица пукале двајца напаѓачи кои биле на мотоцикл.
За време на нападот Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма.
Пред нив застанал мотоцикл на кој имало две лица, а по пукањето тие избегале.
Засега нема други официјални информации.
Видео од местото на нападот ОВДЕ.














