Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, не се чувствува за виновен за случајот со злоупотреби во Државна лотарија.
Тој моментално е во куќен притвор во неговиот стан во скопски Чаир.
За истиот случај не чувствува виновен и поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски, а дека не се чувствуваат виновни на денешното рочиште кажаа и другите четворица обвинети кои биле членови на Надзорниот одбор на Државна лотарија.
Обвинетиот Башким Авди пак не се изјасни за вина, и побара обвинението и доказите да ги добие на албански јазик, поради што се одложи рочиштето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој се уште е во бегство, пак ќе му се суди во отсуство.
На денешното рочиште Основното јавно обвинителство Скопје направи допрецизирање на обвинението кое произлегло од вештачењето. Сега тие наместо за штета од околу 8,2 милиони евра се товарат за штета од околу 9,7 милиони евра.
Тие се обвинети за нелегална набавка на коцкарски машини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Артан Груби
Колку полицајци го чуваат Артан Груби
Фото: Фејсбук/Груби














