На 08.09.2026 во 01:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(29) од Скопје.
Според пријавеното, тој претходно со неговото приватно такси возило го превезол Ј.Т.(26) од Кина на бараната дестинација, по што му побарал да плати повеќе отколку што реално чини превозот.
Откако Ј.Т. не се сложил, А.К. со закана со остар предмет му одзел пари.
По целосно документирање на случајот ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ќе поднесат кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член .237 од Кривичниот законик.
Фото/Unsplash














