Нула денари од буџетот за Дејвид Гета и настаните за 35-годишнината од независноста на Македонија, сметката ја платиле општествено одговорни компании

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за сите настани поврзани со 35-годишнината од независноста на Македонија биле потрошени нула денари од буџетот.

Организацијата на сите настани вклучувајќи го и вчерашниот настап на диџејот Дејвид Гета, била платена од општествено одговорни компании.

Тој не кажа кои се тие компании и колку вкупно чинела организацијата на бројните настани кои беа организирани периодов.

– Молчев, не сакав да зборувам, оставав сето она што беше посебен момент и да биде посебен момент за граѓаните. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат нула денари.

Слободно можете да отворите Отворени финансии и ќе видите дека чини нула денари. Сѐ е организирано од општествено одговорни компании.

Жалам што кај поединци работи Фројд и што мислат дека како што правеле тие, ќе прават и други, изјави тој меѓудругото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото+Видео) Скопје синоќа звучеше светски: Дејвид Гета со спектакл за паметење

(Видео) И Гркинка пушташе музика за независноста на Македонија

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести