Угостителските услуги продолжуваат да растат, најголемо зголемување кај пијалоците

Цените на угостителските услуги во август 2026 година се зголемени за 0.6% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во август 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.7%.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3%, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.3%. 

Цените во угостителството во август 2026 година, во однос на  јули 2026 година, во следниве групи се зголемени за: 0.5% кај Храна, 1.5% кај Алкохолни пијалаци, 1.5% кај Безалкохолни пијалаци и 0.4% кај Ноќевања.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести