Македонските ученици имаат минимално ниво на писменост, покажува истражувањето на ПИСА

Само 26 отсто од учениците во Македонија го достигнуваат ниво 2 или повисоко по читање, а просекот во земјите на ОЕЦД изнесува 69 отсто. По математика, основното ниво го достигнуваат 32 отсто од учениците, наспроти 65 отсто просек во ОЕЦД, а по природни науки 36 отсто, во споредба со 74 отсто во ОЕЦД.

Ова го покажуваат најновото истражување на меѓународна студија ПИСА, која која ги проценува способностите, знаењата и вештините на учениците во примена на она што го научиле во училиште. Се оценуваат три подрачја, оспособеност за читање со разбирање и критички пристап во читањето на пишани материјали, математичка писменост и писменост во природните науки.

ПИСА го рангира 2, како минимално ниво на функционална писменост. Во нашата држава нема ученици кои достигнале ниво 5 или 6 по природни науки, а просекот на ОЕЦД е 7 отсто. Исто така на ова ниво, нема ученици ни по читање.

По предметот математика само 1 отсто од учениците во земјава се меѓу најуспешните, односно достигнуваат ниво 5 или 6, наспроти 8 отсто во просек во ОЕЦД.

Само 55 отсто од учениците имаат т.н. „развоен начин на размислување“, односно веруваат дека интелигенцијата може да се развива преку работа, труд и повратни информации. Просекот во ОЕЦД е 69 отсто. 24 проценти сметаат дека училиштето е губење на време.

Македонските ученици се блиски до проесекот на ОЕЦД, само во користењето на вештачка интелигенција. 44 отсто од нив велат дека користат AI чет-ботови за помош при учењето најмалку еднаш неделно, што е приближно на просекот на ОЕЦД од 46 отсто.

Фото/Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести