Инвестиција од 500 милиони долари: „Алказар енерџи“ започнува со изградбата на „Ветерен парк“ во Штип

„Алказар енерџи“, одржлив инфраструктурен фонд со седиште во Луксембург, Луксембург, денеска соопшти дека започнува со реализација на втората фаза од изградбата на проектот „Ветерен парк“ во Штип, откако Фондот претходно обезбедил 180 милиони евра за заокружување на првата фаза.

Втората фаза, како што објасни коосоновачот и генерален директор на „Алказар енерџи“, Даниел Колдерон, значи реализација на инвестиција од над 500 милиони долари.

– Денес завршуваме со финансиската конструкција за 131 мегават и 21 турбина, со 180 милиони евра инвестиции, што се обезбедени од ЕБРД, ИФЦ, Ерсте банка заедно со Шпаркасе банка. Не можам да го кажам името на компанијата, но можам да кажам дека таква компанија покажува доверба во држава како Македонија, рече тој.

Од проектот останува уште една фаза, а опфаќа изградба на 54 ветерни и ќе биде најголем во регионот.

Ветерниот парк ќе произведува 396 мегавати електрична енергија.

Кога истиот ќе биде готов ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства, ќе бидат заштедени 570 илјади тони ЦО2, а ќе овозможи околу 300 вработувања.

Фото: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести