Газдата на „Пулс“ набрзо ќе излезе од притвор

Сопственикот на т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов –  Деко, ќе биде во затворски притвор до 3. октомври, а потоа ќе се брани од слобода, објави телевизијата Телма.

Информацијата за телевизијата ја потврдиле од Кривичниот суд Скопје, од каде меѓу друго велат дека ќе се брани од слобода, бидејќи според законот тој може да лежи во притвор максимум една година од оценката на обвинението.

Тој беше приведен веднаш после пожарот на 16. март, а во притвор е од 23. март лани и во неколку наврати бараше укинување на мерката поради влошена здравствена состојба.

Во случајот е обвинет и неговиот син, Михаил Јованов, за кој има мерки на претпазливост, како и неговиот брат Тодор Јованов, на кој мерката куќен притвор му беше укината откако даде гаранција од околу 320 илјади евра во недвижен имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Навреда за нашата болка и понижување на споменот на нашите деца“, велат родителите на загинатите за барањето газда Деко да оди во куќен притвор

Газдата на “Пулс“ со години комуницирал со инспектори и полицајци кои му најавувале кога ќе има контроли

Синот на газдата на „Пулс“ сакал да се самоубие, во пожарот ја изгубил девојката и пријател, кажа неговата одбрана

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести