Една од најголемите и најпознатите македонски компании – Алкалоид АД Скопје, годинава го слави својот 90. роденден.
По тој повод од компанијата на социјалните мрежи објавија емотивно видео, изработено во соработка со More Magnets d.o.o., продукциска куќа на Филип Филковиќ-Филац од Хрватска.
-Времињата се менуваат. Растеме, создаваме свои семејства, градиме нови спомени. Но, некои нешта остануваат – малите гестови на грижа, блискоста и довербата што ја пренесуваме понатаму.
Токму од тие мали моменти се создаваат приказните што траат. Оние што нè поврзуваат со минатото, живеат со нас денес и продолжуваат со оние што доаѓаат по нас, велат од компанијата во објавата на Фејсбук.














