еМагазин
Image default
Убава приказна

(Фото) Колекција „Velvet“ за есен/зима 2018 на Росица Мршиќ

Дизајнерката Росица Мршиќ со новата колекција за есен и зима 2018 година воведува романтичен и заводлив изглед на жените за овој период  од годината. Таа ја развива својата идеја за оваа колекција  инспирирана од парискиот шик и шарм во заводливата музика од албумот „Париз“ на Malcolm Mclaren.

Мекоста на силуетата, мазните текстури и клучните бои го одредуваат називот на оваа колекција. Во нежните и меки форми користени за разиграна динамика е вметнат препознатливиот геометриски израз на дизајнерката за постигнување јасна и дефинирана силуета.

Топлите виолетови и црвени тонови, бојата  на лаванда и употребата на црната, белата и сивата боја додаваат суптилна деликатност на целосниот изглед. Дизајнерката употребува невообичаени плисирани структурни ткаенини, брокати, волнени и еко крзна за постигнување супериорна естетика на колекцијата.

„Velvet“ е 20-та сезонска колекција на Росица Мршиќ со која таа  продолжува да им се обраќа на оние жени кои претпочитаат автентичен дизајн со кој се нагласува индивидуалноста и се постигнува  препознатлива субтилна уникатност. Фотографиите од оваа колекција се  направени со македонската актерка Наташа Петровиќ.

Колекцијата е наменета за продажба на домашниот и странскиот пазар во студиото на Росица Мршиќ, во продавницата Виа во Скопје, на онлајн продавницата на дизајнерката, и на други интернационални онлајн  продавници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mакедонските јуниори-информатичари освоија три бронзени медали на Олимпијада во Молдавија

Редакција

Патот до успехот на Пакет.мк: Вашата бизнис идеја треба да биде со план и визија за раст!

Редакција

Од рециклирана хартија до амбалажа за јајца

Редакција