Досега пет обвинители поднеле кандидатури за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Изборот обвинителите од целата земја треба да го направат следниот месец.
Актуелниот шеф Ислам Абази, неодамна најави дека нема да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат. Неговиот мандат завршува во ноември, а по завршувањето на актуелната функција, најави дека ќе се врати во Вишто јавно обвинителство (ВЈО) Гостивар.
За неговото место во „трка“ се вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), Трајче Пеливанов, обвинителката од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Лидија Раичевиќ, и обвинителите од ОЈО ГОКК, Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ислам Абази нема да се кандидира за втор мандат за шеф на ОЈО ГОКК














