И на денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани сведочеа градежни вештаци од Градежниот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ Скопје, кои го изработија вештачењето на Основното јавно обвинителство.
Горан Марковски, судски вештак и професор на Факултетот меѓу друго кажа дека има надворешни елементи кои сведочат за пренамената на објектот, меѓу кои и табла за која била потребно одобрение од Општината, посочувајќи дека надлежните институции имале основа да реагираат и врз основа на овие елементи.
Одговарајќи на прашања во врска со сунѓерот кој се користел во објектот, подвлече дека во случај кога се користат спуштени тавани, не смее да се користат материјали што имаат праг на горење помал од 30 минути, посочувајќи дека полиетиленскиот сунѓер не го исполнувал тој услов.
Подвлече и дека кога се во прашање материјалите за градба, документите за нив според законот треба да бидат проверени од Дирекцијата за заштита и спасување, па потоа истите да се набават.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдата на „Пулс“ ќе даде имот како гаранција, излегува од притвор на 3. октомври
Фото: Игор Бансколиев














