“Сум бил свиња и ќе ме колел на плоштад“: Мицкоски откри какви закани добил од уапсениот маж од Черкези

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри какви закани добил од уапсениот 39-годишен маж од Черкези.

– Јас во текот на вчерашниот ден дознав за тие закани коишто се напишани на социјалните медиуми од ова лице, дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад. Тоа лице упати пцовки кон мене и моето семејство.

Јас сум сепак институција и претпоставувам дека институциите ги преземале мерките согласно своите надлежности и оти преку МВР тоа лице е обезбедено. Се надевам дека понатаму правосудниот систем ќе постапи и ќе го спроведе онаму каде што му е местото, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 39-годишен маж од Черкези кој му се заканувал на Мицкоски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.



  • Најчитани вести



  • Најчитани вести