Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот БС (Д-Е V) се намалува за 2 денари, а на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 3,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 100,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 102,50 денари за литар, а дизелот за 99 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 4,50 денари и ќе се продава за 109,50 денари за литар.
Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 2,242 денари и сега ќе се продава за 48,243 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














