Со кој ќе се сретне: Мицкоски денеска заминува за САД

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владина делегација денеска заминува за САД, најави тој во интервју за националниот сервис МРТ 1.

Во Њујорк ќе учествува на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), а претходно во Вашнгтон ќе имал средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.

За во Вашнгтон најави и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија.

Една од средбите ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ (DFC), која е присутна во Македонија преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, а која пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.

Најави и разговори со компании од воената индустрија, а во оваа насока го спомена армискиот полигон Криволак.

Во Вашингтон се предвидени и средби со влијателни тинк-тенк организации.

За во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, најави средби со голем број државници кои веќе биле потврдени, а фокусот, како што рече, ќе бидат оние со претставници од земјите во соседството, и дека ќе бидат направени обиди и за билатерални средби со делегации од земји од Персискиот Залив.

Прашан дали на агендата е и состанок со бугарската делегација, тој одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.

Во Њујорк е предвидена и средбата на лидерите од Западен Балкан.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.



  • Најчитани вести



  • Најчитани вести