На само 12 години, македонскиот генијалец Македон Димитровски е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд, информираше неговиот татко Владимир Димитровски.
Програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.
По тестирањето, Македон го добил и престижното признание „Гранд Хонорс/СЕТ“, за исклучителни резултати по математика и вербални способности (Grand Honors = највисоко признание за исклучително високи резултати во рамките на CTY тестирањето и SET = Study of Exceptional Talent – програма/признание на Johns Hopkins за ученици кои постигнуваат исклучително високи резултати на тестирањата, значително над очекуваното за нивната возраст).

На само 11 години Македон постигна и 1.440 поени на САТ тестот – 740 по математика и 700 по читање и пишување.
Македон зад себе има повеќе од 20 златни медали од меѓународни математички натпревари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Македон „растури“ на Германската математичка олимпијада!
Фото: Фејсбук/Димитровски














