Маж на возраст од 31 година кој од 14. септември од страна на неговиот татко, З.С. (68), бил пријавен за исчезнат, синоќа околу 22 часот е пронајден починат во водите на Охридското Езеро.
Се работи за Б.С. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, тој од страна на езерската полиција е пронајден во близина на автокамп, на околу 50 метри од копното.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Препознавањето го извршил член на неговото семејство.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














