Во странски фирми работат 24.2% од вкупно вработените во Македонија

Во 2024 година, 3.280  или 4.7% од претпријатијата во деловниот сектор во Македонија се странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство, соопшти Државниот завод за статистика.

Странските филијали ангажираат 24.2% од вкупно вработените и создаваат 37% од вкупната бруто-додадена вредност (БДП).

Најголемо учество во додадената вредност на домашните претпријатија контролирани од странство имаат секторите Преработувачка индустрија со 35.3%, Информации и комуникации со 16.7% и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 11.5%.

Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји, т.е. 92.8%, земјите членки на Европската унија контролираат 44.6% од странските филијали, во кои се ангажирани 62.8% од вработените и учествуваат со 61.9% во додадената вредност. 

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во додадената вредност од 17.4%, Холандија со 11%, Германија со 9.7% и Обединетото Кралство со 9%. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести