Кога љубовта е вистинска, човек сака саканата личност да биде покрај него во секое годишно време – а понекогаш, за приказната да биде целосна, потребно е и едно пиво повеќе.
Токму таква е приказната во новиот сингл на Коки Јанков – „Пиво 9то“, кој веќе е достапен на сите дигитални и стриминг платформи.
Песната носи љубовна приказна во која главниот лик ја бара својата сакана во секој момент од животот. Во зима сака некој да го има, во пролет некој да го „штима“, а кога ќе дојде летото и ќе се најде на деветтото пиво – повторно има само една желба: таа да биде тука.
Оваа комбинација на искрени љубовни чувства и секојдневен хумор ја прави „Пиво 9то“ поинаква и лесна за препознавање. Песната успева сериозната љубовна приказна да ја раскаже со насмевка, без да ја изгуби нејзината искреност.
Музиката и текстот се на Дејан Тасев, додека аранжманот го потпишува Дејан Георгиевски – Ѕене.
Песната е придружена со видео спот со хумористичен пристап, снимен во Штип, а неговата реализација ја потпишува Vacev Studio. Преку забавна визуелна приказна, спотот дополнително ја доловува атмосферата на песната и нејзиниот духовит карактер.
Промотивна објава














