Љупчо Пецов Ѓаволот е осуден на условна казна од две години, откако призна вина за случајот „Синџир“. Воедно треба да плати и казна од 8.000 евра.
Парична казна е изречена и за фирмата поврзана со него, која е во стечај.
Како што информираа од Основниот кривичен суд, на фирмата ДУТУД А.К.А.П. ДООЕЛ и е изречена парична казна од 1.000.000 денари, како и забрана за добивање дозвола, лиценца и концесија утврдени со посебен закон, забрана за учество во постапка за јавен повик и забрана за основање нови правни лица, сите во траење од 5 години.
-Судот при определување на казната на овој обвинет, ја имаше во предвид и обврската за обезбедување процесна избалансираност во однос на останатите обвинетите во овој комплексен кривично – правен случај, кои исто така ја признаа вината, ја надоместиле паричната штета и во раздвоените постапки им било изречена исто така алтернативна мерка, велат од таму.
Пецов беше во бегство и кон крајот на минатата година и се предаде на полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стафа зел поткуп за да издејствува укинување на притворот за Љупчо Пецов-Ѓаволот
Пецов, за кого Стафа зеде поткуп, сам се предал, и доби куќен притвор














