Наместо црвен, шарен тепих за премиерата на анимираниот филм „Лефти и Рајти“, во МНТ на 28. ноември 

Премиерата на анимираниот краток филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом” е закажана во Македонскиот народен театар (МНТ) голема сцена на 28. ноември (сабота) со почеток во 12 часот.

После прикажувањето на краткиот филм, следи изненадување и настан на кој децата ќе можат да ги запознаат Лефти и Рајти. 

„Сакаме децата да се почувствуваат како да влегуваат во еден храм каде што има кино проекции и театар. Ако тоа го почувствуваат од мали, ќе ја почитуваат културата, која е врата кон цивилизацијата и возвишеното. Заради тоа за нив ќе постелеме не црвен, туку шарен тепих, ќе ги пречекаме како на секоја премиера и ќе ги сместиме во удобните кадифени седишта на големата сцена на МНТ”, вели Нена Гиевска од зАнимација продукција.

После прикажувањето на краткиот анимиран филм, ќе следи перформанс, кој сега за сега ќе го зачуваме како изненадување.

Картите за премиерата се достапни ОВДЕ.

Тематската песна на филмот со промотивен спот се готови, потпишана е Дина Јашари.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести