еМагазин
Image default
Забава

(Видео+Галерија) Сара Мејс го извади „Копито(то)“ на Принц

Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го извадија „Копито“. Сите се прашуваа каков ќе биде спотот и сега го имаат одговорот. Стил кој соодветствува на проектот на Принц „Femme Fatale“.

Спотот на „Копито“ беше снимен во Аква парк „Борис Трајковски“ во Скопје, а за неговите потреби се појавуваат околу 20 статисти.

Интерпретацијата на видеото и песната е на самиот гледач и слушач. Има многу простор за коментари, но таа е и поентата на самото издание на Сара и Принц.

Песната „Копито“ е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс. Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Аудио и видео продукција на AleXanDeR.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Сенки“- нов сингл на Хејз

Редакција

Културната манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи на 1 октомври

Редакција

(ВИДЕО) Како звучи Тамара: Прва проба на Евровизија во Тел Авив

Редакција